КУЛТУРА

Отворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ е во потрага по петтата генерација „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години кои сакаат да бидат дел од годиншната работилница за креативен документарен филм. Рокот за пријавување е продолжен до 15 јуни.

-Бараме млади луѓе, храбри да се изразат креативно и слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесеттемина величествени ќе бидат поделени во три до четири помали групи со по еден ментор, а на крајот на работилницата, секоја група ќе треба да има готов креативен документарен филм, соопшти „МакеДокс“.

За пријавување е потребно кандидатот да се сними себеси со телефон, веб-камера или на друг начин, и преку видеото, кое не треба да е подолго од пет минути, да одговори на неколу прашања: Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието?;  Кога би можел да бидеш кое било животно или растение, што би избрал/а да бидеш и зошто?; Кое е твоето најрано сеќавање?; Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што прво би ти кажало и зошто?; Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?; Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите? и Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено?

Видеото треба да се прати на: dokunikulci@makedox.mk преку ВиТрансфер (WeTransfer), доколку е во можност кандидатот  треба да го прикачи на VIMEO или на Јутјуб (YouTube) заштитено со лозинка, а до МакеДокс да ги испрати линкот и лозинката.

Повикот е отворен до 15 јуни 2023. Резултатите ќе бидат објавени до 20 јуни 2023 година. Доколку кандидатот е малолетен, заедно со пријавите треба да достави и согласност од одговорен возрасен со која се одобрува неговото учество на работилницата.

Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се одржува во јули 2023 (пет дена во природа), август 2023 (осум дена на филмскиот фестивал „МакеДокс“) и две есенско-зимски сесии по договор (пет-седум дена)

Своите знаења и вештини во документаристиката на работилницата ќе ги споделат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, ланските докуникулци и пријатели на „МакеДокс“ од други земји.

-Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени, но имај на ум дека сместувањето – особено за првата сесија во природа не е во хотел со пет ѕведзички, туку понекогаш дури и под отворено небо, со милион ѕвезди, заедно со тимот на „МакеДокс“, се наведува во соопштението.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...