ИНФО

Екипи на ЈП Комунална хигиена изминатиот викенд подигнале 20 кубни метри отпад од диви депонии

Како што соопшти претпријатието, екипите подигнале и транспортирале градежен и мешан комунален отпад од неколку диви депонии лоцирани во строгиот центар на градот (зад Т-Мобиле), како и на булеварот „АСНОМ“ и улиците „Бојмија“ и „Февруарски поход“ во општина Аеродром. Исто така, по барање на МВР-Скопје, по сообраќајната несреќа што во текот на викендот се случи на булеварот „Илинден“, интервенирано е со расчистување на теренот и посипување песок, со цел да се овозможат услови за непречено минување на пешаците и возилата, соопшти претпријатието.

А, опожарените два пластични контејнера лоцирани на улицата „Букурешка“ општина Карпош, се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети со нови садови, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...