АКТУЕЛНО

Бесплатни униформи за основците во Гази Баба

Со почеток на учебната 2023/2024 година, 6.800 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба ќе добијат бесплатна униформа, соопшти градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците. Постапката за набавка на училишните униформи е во тек, а од буџетот на општина Гази Баба се определни 12.000.000 денари“, порача тој.

„Дополнително реализираме и мерка за доделување на еднократна парична помош за секое семејство кое ќе има прваче во висина од 3000 денари, а истовремено општината субвенционира организирање на летен и зимски камп за најмладите. Реализацијата на сите овие мерки и проекти се во насока на постигнување на еднакви можности за сите деца“, дополни Стефковски.

Исто така и општина Кисела Вода соопшти дека ќе обезбеди бесплатни униформи за основците.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...