КУЛТУРА

„Плажарење“ изложба на фотографии од Катја Штркова Кочовска во КИЦ

На 9 јуни (петок) со почеток од 20:30 часот во Културно информативен центар – СкопјеСалон Империјал 1 ќе биде отворена изложбата на фотографии „Плажарење“ од Катја Штркова Кочовска

Катја Штркова Кочовска е родена 1989 година во Скопје и веќе 10-тина години работи како графички дизајнер. Досега се има претставено со две самостојни изложби на фотографии, „Tributes“ (2012 година) и „Во текстури“ (2016 година).

„Плажарење“ е нејзина трета самостојна изложба на фотографии, со мотиви од леснотијата на секојдневието и спокојот на летните денови поминати на плажа во последниве неколку години.

Мирот на човекот покрај вода, во природно опкружување.
Слободата да се биде гол. Без оптеретување од погледите на другите. Светот е таму некаде далеку… Плажарење засекогаш!

Изложбата ќе биде отворена до 19.06.2023 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Новата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука во...

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....