ИНФО

Нормализиран железничкиот сообраќај, исплатена априлската плата

Железничкиот сообраќај во државава е нормализиран, откако денеска во 13 часот е исплатена платата за април во ЖРСМ Транспорт АД Скопје и е прекинат бојкотот што го почнаа изутрината вработените во работилницата при подружницата влеча на возови.

Во тек на неколкучасовниот бојкот не сообраќале два воза, еден патнички и еден товарен.

-Денеска во ЖРСМ Транспорт АД Скопје во 13:00 часот е пуштена платата за април. Вработените од работилница продолжуваат со непречена работа, возовите сообраќаат согласно патниот распоред, информираат од РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт.

Порачуваат дека остануваат на претходните заклучоци, доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците во работилница ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат локомотивите и патничките гарнитури.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

Стартуваа училишните спортски лиги во Ѓорче Петров

– Денеска стартуваа училишните спортски лиги во повеќе спортови во општина Ѓорче...

ИНФО

Поради дефект УКИМ без вода

ЈП “Водовод и канализација“- Скопје известува дека денес поради уличен дефект ф-150...

ИНФО

Партерно се уредува Бутел 2

Започа партерното уредување и засадување на ново зеленило во населеното место Бутел...

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...