АКТУЕЛНО

Намален бројот на склучени, но и на разведени бракови

Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12 882 склучени бракa, што е за 2.4 отсто помалку од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1 851 или 14.4 %, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5.9 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.7 % за жените и 93.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 6.3% и трет брак со учество 0.5 %, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2022 година, најголем број бракови 4 263 или 33.1% кај жените и 4 721 брак или 36.6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години. Просечната возраст при склучување на прв брак е 27.4 години за невестата и 29.9 години за младоженецот.

Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17.9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1 613 разведени брака. Најмалку бракови, 38 или 2.4 % во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12.1 % во месец март. Според возраста, најголем број на разводи  298 или 18.5 % кај жените и 281 развод или 17.4% кај мажите се случиле во истата  старосната група  од 30-34 години. Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...