АКТУЕЛНО

ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ НАЈГОЛЕМ РИЗИК ЗА ДЕЦАТА: За две и пол години повредени 90 лица

За само две ипол години, 90 лица се здобиле со тешки или лесни телесни повреди при возење електрични тротинети. Од вкупната бројка 18 лица се водат дека при несреќата имале тешки телесни повреди, а при сообраќајните несреќи биле повредени и други лица односно пешаци.

На вчерашната прес конференција директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов изјави дека Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата има низа недоследности во делот на електрични тротинети и нивно правилно користење за што е потребно ситстемски и со останатите надлежни институции да се направат корецкии.

Според Ангелов, Законот предвидува да и деца над 14 годиншна возраст може да управуваат со ова превозно средство со брзина од 25км на час со што може да дојде до несреќи кои не само што доведуваат до тешки повреди туку може да ги доведат и во животозагрозувачка состојба.

„Законот утврдува дека електричен тротинет се вози на велосипедска, пешачка или друг вид патека со брзина од 25, односно 6км на час во зависност од местото на движење. Иако, електричен тротинет може да управува само едно лице и тоа задолжително да носи заштитна опрема и рефлектирачки елек навечер, никој тоа не го почитува“, потенцирање Ангелов.

Истовремено, тој апелира да се преиспита старосната граница на лица кој смеат да управуваат електрични тротинети, особено по можноста во Скопје преку апликација да се изнајмат овој вид на превозни средства.

„Од состојбата на терен имаме увид дека и деца под 14 години изнајмуваат електрични тротинети, а никој не ги контролира и помалите и оние над 14 години со тротинетите се дел од сообраќајот и се должни да ги познаваат сообраќајните знаци, но тоа за жал не е така и ризикот станува огромен. Најголем процент од децата при управуање со тротинет носат слушалки, а не носат заштитна опрема што е дополнителен ризик по нивниот живот“, смета Ангелов.

ЦУК веќе има одржано две координативни средби со претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за транспорт и врски, со цел да се лоцираат и исправат слабостите во постоечкиот закон.

„На ниту една од средбите не дојдоа претставници од Град Скопје, Градски Паркинг и фирмата која стопанисува со изнјамувањето на електрични тротинети Бинбин. Се надевам дека наскоро ќе одговорат на нашиот повик бидејки децата како најслабата алка се појави токму одкако се отвори можноста за изнајмување на електрични тротинети. Точно е дека овие превозни срества имаат свои позитивни страни, но мора да бидеме свесни и за последиците“, изјави Ангелов.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...