АКТУЕЛНО

„Дали треба некој да биде искасапен од куче за да реагираат надлежните“

Реакција на жителка од населба Ќерамидница.

Жителка на Општина Гази Баба се огласи на социјалните мрежи и го сподели главниот проблем со кој се соочуваат тамошните сограѓани.

„Јас не знам кога и кој ќе превземе нешто за случајов со уличните кучињата. Ова се случува секој ден, како глутница се собираат повеќе од 10. кучиња и секоја вечер напаѓаат се живо што ќе помине. Инаку ова е во населба Ќерамидница кај пешачкиот мост, буквално каде што пред околу 3 години, ме нападнаа и мене 5 кучиња. Ме нападнаа пред куќа додека се враќав дома. Тука наутро поминуваат деца што одат на училиште, стари луѓе кои немаат сила да бегаат од кучињата, жени со тејзери поминуваат мост за да стигнат на работа, млади како мене што сакаат навечер да се вратат дома и буквално живеат на 15мин од Центар. Плаќам 200 денари за такси од Аеродром за да дојдам дома кога всушност сум на 5 минути пеш, ме пречекуваат моите по пижами бидејки ми се сечат нозете од страв и не можам да поминам преку мостот. Искрено, не знам дали треба да нападнат или да убијат некој, па да почнат луѓево со пушки да искачаат како во Струмица за да сфатите колку е сериозна работава. Земете и воведете некој ред бидејки сакам да можам да стигнам дома“, вели таа во нејзината изјава.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...