КУЛТУРА

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Во вторник (6 јуни) со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Фидан“ на кој ќе настапат пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева. На програмата се дела за две пијана и четирирачно пијано од Бах/Куртаг, Сен-Санс, Рахмањинов, Сен-Санс/Дебиси, Пјацола и Мијо.

Рециталот започнува со прекрасната мелодија на Баховата Кантата бр. 106 и продолжува со „Six Morceaux“ на Рахмањинов, збирка извонредни парчиња за четирирачно пијано. Следува „Adios Nonino“ од Пјацола, а мелодијата продолжува да го обликува својот пат низ пасажите на „Danse Macabre“ од Сен-Санс и транскрипцијата на Дебиси за две пијана на „Introduction et Rondo capriccioso“ од Сен-Санс. Во програмата е вклучена и изведбата на фантастичната композиција „Scaramouche“ од Дариус Мијо. Со трите ставови на „Scaramouche“, секој со свој посебен карактер, публиката ќе има можност да ја доживее интригантната енергија на првиот став до нежните и интроспективни мелодии на вториот и конечно да кулминира во раскошното финале нареченo „Бразилеира“.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал на конзерваториумот „Јана Дејла“ во Прага, настапуваат и на фестивалите „Concerti del Tempietto“ и „Les Dimanches Musicaux“  во Рим и Париз како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен „Есенска Бајка“. Од 2019 година реализираат новогодишни концерти со наслов „Празнична Рапсодија“.

Пијанистката Мимоза Ќека, се истакнува како рециталист и камерен музичар со своите бројни концерти во земјата и странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, a во 2021 година се стекнува со титулата Доктор по музичка уметност. Настапува во многу европски градови вклучувајќи ги Париз, Рим, Бристол, Милано, Трст, Сиена, Прага… Во 2022 го објавува соло албумот „Non-Fungible“ и одржува солистички рецитал во „Gallery MC“ во Њујорк, САД.

Јована Трајчева своето основно музичко образование го завршува во класата на реномираниот педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј”. Во 2015 година дипломира, a во 2017 магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова. Бележи успешни настапи на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Musica Viva“, „Есенски музички свечености“. Одржала повеќе солистички рецитали во градови низ земјата, а како позначаен ќе се спомене рециталот во црквата „Св. Софија“ во Охрид 2017 година. Пијанистката Трајчева настапува на фестивали во Рим, Ибица, Милано, како и во Cite des Arts во Париз, а настапува и со оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Јована Трајчева е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...