МАГАЗИН

Животниот век се зголемува на оние кои се откажале од пушење на 30 години

cigarette in the hand

Очекуваниот животен век на оние кои престануваат да пушат во своите 30-ти се зголемува за околу десет години во споредба со оние кои продолжуваат да пушат, соопшти Светската здравствена организација.

Од првиот ден на откажување од пушење, високиот пулс, крвниот притисок, нивото на јаглерод моноксид се враќаат во нормала и со текот на времето се зајакнува имунолошкиот систем. Во периодот од две до 12 недели по откажувањето од пушењето, се подобрува циркулацијата во телото и се зголемува капацитетот на белите дробови.

Пушењето претставува најголем поединечен фактор на ризик за здравјето и еден од најважните јавно-здравствени предизвици во светот во моментов. Според податоците на Светската здравствена организација, пушењето е поврзано со 7,2 милиони смртни случаи годишно во светот, што е повеќе од вкупниот број на смртни случаи од ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза.

По повод 31 мај, Светскиот ден без тутун, се наведува дека повеќе од 80 отсто од 1,3 милијарди корисници на тутунски производи во светот живеат во земји со низок и среден приход. Околу половина од оние кои користат тутунски производи умираат порано од очекуваното од болести поврзани со тутунот.

Од повеќе од осум милиони луѓе кои годишно умираат поради употреба на тутун, приближно 1,3 милиони се оние кои се изложени на чад од тутун иако не го користат.

Околу 700 милиони деца се погодени од чад од тутун. Секоја година, 65.000 деца умираат пред да наполнат пет години од инфекции на респираторниот тракт предизвикани од пасивна изложеност.

 

 

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...