АКТУЕЛНО

ГРАД СКОПЈЕ КРЕВА РАЦЕ ОД ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ: Се затвора ГЕС оти Арсовска е незаинтересирана

АД „Градски енергетски системи“ месецов ќе престане со работа бидејќи откако на функција е дојдена градоначалничката Данела Арсовска не се преземаат никакви активности ниту се обезбедуваат пари за негова работа. На последната седница на Советот на Град Скопје беше одржано собрание на акционери на кое не беа избрани нови членови и не беа обезбедени средства за негова понатамошна работа. Поради тоа беше кажано дека кон средината на јуни кога ќе се одржи наредната седница на Советот ќе се состане и собранието на акционери кое ќе донесе одлука за затворање на ГЕС.

„Не само што нема пари туку и плаќаме казни. Имаме казна од 2.000 евра за друштвото и 500 евра за мене како раководно лице од Комисијата за хартии од вредност бидејќи ГЕС не е функционално, не ги извршува обврските. Имаме долг од 120.000 денари кон институции.На сметка имаме 14.000 евра, но тие се добиени за проект за енергетска ефикасност на домаќинствата“, рече пред советниците директорот на ГЕЦ Гоце Трпчевски.

Градски енергетски системи беше формирано во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Тогаш тој рече дека Градот не може да се бори против загадувањето доколку парното греење не е под негова надлежност и бараше топловодната мрежа да му се предаде на Градот.

Но, со доаѓањето на функија на Арсовска згаснаа сите активности. Лани Регулатроната комисија за енергетика му ги одзеде лиценците на „Балкан енерџи груп“ и наместо Градот да ја мреземе мрежата и парното греење Арсовска рече дека немале пари и дека државата е таа која во време на криза треба да ги реши овие проблеми. Со тоа лиценцата за управување со парното во Скопје беше дадена на државната ЕСМ.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...