КУЛТУРА

Промоција на арт книгата „Дали сте виделе мечка?“ вечерва во „Ла Кања“

Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ денес (сабота) од 21 часот ќе биде промовирана арт книгата „Дали сте виделе мечка?“ на Алис Лаурешес, печатена во сито печат во студиото на Партизанска штампа Скопје.

Промоцијата ќе биде пропратена со изложба и свежа дистрибуција на арт книги на Алиса, како и внимателна селекција на винили на Владимир Муратовски.

„Книгата ја печатира убавината на природата во Папрадиште и нејзината околина со огромна почит кон колективот на Грин Пауер Велес кој се грижи за планинарскиот дом и маркирање на регионот. Имено Алиса (како ја викаме по нејзиното македонско име) беше дел од колективот на Партизанска штампа во изминатите два месеци. Напорно работевме и работиме. Принтавме, планинаревме, па пак принтавме, па се смеевме, па принтавме, па цртавме, па принтавме, па јадевме, пеевме и се смеевме, па слушавме музика, па пак принтавме и така до недоглед. Дојде време процесот да се затвори со изложба и музика. Уште сме во процесот, штампаме, и додека рацете ни се во боја, пристигна и дистрибуцијата што требаше да стигне на Фијук, значи и плус свежи изданија од Франција и Грција печатени на ризо, а книгата се надеваме во сабота ќе стигне спремна, испринтана, дотерана, захетватана и сецната“, соопштуваат од Партизанска штампа.

Инаку, Алиса е дипломиран студент на Факултетот за применети уметности во Париз, со интерес за современи изданија досега има издадено повеќе арт книги во ризо, офф сет или дигитал, и соработува со повеќе колективи кои се бават со современо издаваштво.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Читачка група за „Феминизам и студии со животните“ денес во КСП Центар Јадро

Денес во КСП Центар – Јадро во 19 часот ќе се одржи...

КУЛТУРА

На сцената на НОБ ќе се изведе современиот балет „Сага“

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток...

КУЛТУРА

Алиса Фини доаѓа на Саемот на книга во Скопје како гостинка на македонскиот издавач „Сакам книги“

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните...

КУЛТУРА

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон...