АКТУЕЛНО

ПО 1200 ДЕНАРИ СУБВЕНЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ

Сите граѓани кои од почетокот на годинава од сопстевен џеб платиле за чистење на оџаци, ќе можат да си ги повратат средствата од Град Скопје. Секое домаќинство може да добие најмногу до 1200 денари.

За да ја добие оваа субвенција граѓанинот треба да поднесе доказ дека е извршено чистење на оџаци како и оригнал фискална сметка со датум од 01.01.2023, но не подоцна од 31.10. оваа година.

Вкупниот буџет за оваа субвенција изнесува еден милион денари.

Оваа новина е согласно програмата на активности од областа за заштита на животната средина, бидејки податоците од Министерството за животна средина за емисија на загадувачки субстанци во воздухот особено честичките ПМ10 и ПМ2.5 потекнува од скоро сите човекови и социјални активности. Една од поголемите причини за емисија на овие честички е начинот на затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Зголемувањето на концентрациите на овие честички доведува до намалување на квалитетот на амбиентниот воздух во градот.

На овој начин се придонесува кон намалување на интезитетот на загадување на воздухот во градот, односно со ова се намалуваат емисиите на штетните честички во воздухот и се унапредува квалитетот на животната средина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...