АКТУЕЛНО

Канта која зборува ги опоменува скопјани да не фрлаат ѓубре насекаде

Катна за ѓубре која зборува е поставена на скопските улици. Центарот за современи уметности се одлучи да креира интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу.

„Се надеваме дека опоменувајќи ги граѓаните, но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град“, велат од Центарот за современи уметности.

Кантата е направена од рециклирани материјали – стара цевка за канализација и во неа е сместена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре, кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот, но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

Кантата е дело на групата „Урбани уметнички акции“ која делува во склоп на Центарот за современи уметности.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...