МОЕ ЗДРАВЈЕ

Дали промените во микробиомот би можеле да го објаснат порастот на ракот на дебелото црево кај младите

Една нова студија сугерира дека цревниот микробиом може да игра улога во порастот на ракот на дебелото црево кај младите возрасни. Инаку, младите со колоректален карцином имаат биолошки поагресивни карциноми.

Според експертите, цревниот микробиом може да биде важен фактор во развојот на болеста, бидејќи е вклучен во интеракцијата помеѓу генетиката, околината, исхраната и имунолошкиот систем.

Со проучување на микробиомот на пациентите со рак на дебелото црево, експертите забележаа дека бактериите, габите и вирусите во туморите на пациентите варираат во голема мера во зависност од тоа дали тие имале ран почеток (на возраст од 45 или помлади) или доцен почеток (на возраст од 65 или постари). Одредени микроби може да ја нарушат слузницата на дебелото црево, што промовира воспаление на ткивото и може да резултира со мутации во ДНК на клетките во дебелото црево, што доведува до рак.

Треба да се забележи дека еден посебен вид на бактерии, Fusobacterium nucleatum (F. nuc), може да ги потисне имунолошките одговори во дебелото црево, дозволувајќи му на ракот да расте. Тоа се случи подеднакво кај околу 30% од раните и доцните тумори. Cladosporium sp. почесто се наоѓа кај рак со ран почеток додека Pseudomonas luteola, Ralstonia sp. и Moraxella osloensis почесто се забележува кај постари пациенти.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Лекарите препорачуваат: Не повеќе од 0,5 литри пиво на ден

Според анализа на неколку научни трудови со фокус на пивото, ниту една...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намирници за поздрав појадок за лица со над 40 години

Здравата исхрана е важна за управување со тежината. A пак, појадокот, во...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети околу тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се пие сок од пченица?

Ако некогаш сте пиеле светло зелен сок или смути, голема е веројатноста...