АКТУЕЛНО

Градот ќе плаќа за купување нови велосипеди, ама не и за електрични тротинети

Советот на Град Скопје конечно ја прифати одлуката за доделување субвенции за купување велосипеди, но не и за купување на електрични тротинети.

Ова значи дека сите скопјани кои купиле или ќе купат велосипеди оваа година, ќе можат да си повратат до 4.000 денари од дадената сума.

За да ја добијат градската субвенција, граѓаните ќе треба во Градот да достават доказ дека е извршено купување на еден нов велосипед, како и оригинал фискална сметка, со датум од 01.01.2023, но не подоцна од 31.10.2023 година. Задолжително е велосипедот да е целосно отплатен при поднесување на барањето за субвенција, а плаќањето на рати не се прифаќа.

Пари ќе се доделуваат се до исцрпувањето на буџетот наменет за доделување на ваквата субвенција, кој изнесува шест милиони денари.

Предлогот да се делат субвенции и за купување на електричен тротинет, градските советници не го изгласаа. Оваа мерка предвидува да секој граѓанин кој ќе купи нов електирчен тротинет добие максимум 6.000 денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...