АКТУЕЛНО

БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА: Граѓаните најмногу се жалат на хигиената и поминат рок на употреба

Од вкупно поднесените претставки годинава кои се однесуваат на безбедноста на храната, 17 се поврзани со добрата хигиенска пракса, а 15 се за промени во органолептичките својства на производите. Вкупно 14 се со наводи за сомнеж за безбедноста на производите, 13 се за присуство на контаминенти во храната, додека 12 се за поминат рок на употреба.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски вели дека е помал бројот на претставки кои се однесуваат на работа без одобрение на оператори со храна, измама на потрошувачи, сомнежи за труење со храна и други наводи.

„Во Одделението за заштита на правата на потрошувачите од почетокот на годинава досега се пристигнати 218 претставки, но предничат оние од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните и досега такви се 112. По бројност, по нив се оние кои се однесуваат на безбедноста на храната од неживотинско потекло. Нивниот број досега изнесува 90. Само 13 претставки се однесуваат на безбедност на храната од животинско потекло. Останатите се предлози“, вели Бабовски.

Минатата година, 226 од поднесените претставки до АХВ биле со наводи кои се однесувале на храната од неживотинско потекло, додека најмал бил бројот на претставки за безбедноста на храната од животинско потекло. Според Бабовски, нивниот број во 2022 година изнесувал 25.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...