СКОПСКИ ВЕСТИ

Ѓорче Петров: Децата од семејствата на бранителите нема да плаќаат градинка

Советот на Општина Ѓорче Петров на вчера одржаната седница по предлог на претседателката на советот Д-р Ленче Нелоска, со поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата донесе одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта.

– Во знак на благодарност за животот вложен во одбрана на Република Македонија, о

пштината донесе одлука со која дополнително финансиски ќе се олесни животот на бранителите во услови на тешка економска и финансиска криза. Сметаме дека ова требаше да се случи многу порано, за што всушност апелираше ВМРО – ДПМНЕ уште во 2018 година и тогашната Советничка група поднесе предлог-одлука, но истата беше одбиена од тогашното мнозинство, порачаа од општина Ѓорче Петров.

 

– Бранителите, но и сите припадници на безбедносните сили целосно ќе ја имаат мојата поддршка како градоначалник и се додека трае мојот мандат овие луѓе и во иднина ќе бидат во фокусот на општината бидејќи секојдневно го ризикуваат својот живот за безбедна Република Македонија, порача градоначалникот Александар Стојкоски.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во скопската Зоолошка се одбележа Светскиот ден на нилскиот коњ

Вчера по повод Светскиот ден на нилскиот коњ, пред живеалиштето на Буцо...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Гази Баба првпат оваа година доделува субвенции за сончеви колектори

Општина Гази Баба оваа година за прв пат објави јавен повик за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Оштетени игралишта во Капиштец, Герасимовски со апел да не се вандализира јавното добро

Сите игралишта што беа реконструирани пред неколку месеци се вандализирани. Последен е...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Заврши реконструкцијата на детската градинка „Калинка“ во Аеродром

Заврши целосната реконструкција на внатрешноста на објектот „Калинка“ во општина Аеродром. Сега...