Денес без вода ќе останат дел од корисниците на улица Бутелска, односно краците 2, 4, 6 и 8, како и жителите на улица Козле од број 3 до број 18.
Освен овие, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Зеничка, Коце Металец, Тајмишка , Душан Тасковиќ и Филип Филиповиќ во Општина Гази Баба, исто така прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците 378, 376, Ќемал Сејфула и Самоилова во Општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот па се до завршување со санација, со исклучок на општина Гази Баба каде активностите ќе започнат половина час порано.
Leave a comment