АКТУЕЛНО

НЕ ДАВА ОСТАВКА: За Арсовска за хаосот во Градот сите други се криви, само таа е во право

Градоначалничката Данела Арсовска не планира да поднесе оставка од функцијата. Смета дека одлично го води Градот и да не биле опструкциите од политичките партии Скопје ќе имал најдобри резултати во својата историја.

Град Скопје за прв пат во нејзин мандат остана без јавен превоз, со блокирана сметка, не се реализираат капитални проекти, за една година смени 15 директори на јавни претпријатија, се кара со сите и е тотално нетранспарентна институција.

„Од мене оставка нема да видат токму затоа што оставка бараат од мене. Не седам ниеден ден. Секој ден сум прва на работа и последна си заминувам. Да не беа сите овие луѓе кои го саботираат работењето, ќе имавме резултати досега незабележани во историјата на Скопје. Нека им е со среќа ако си дадат оставки, следните советници ќе бидат поконструктивни“, рече Арсовска во гостувањето на Топ тема, прашана дали ако сите советници ги вратат мандатите, оставка ќе даде и таа.

Арсовска вели дека двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се здружени против неа и сакаат да направат хаос во Градот за да ја дефокусираат јавноста од уставните измени. Не се смета одговорна за тоа што Град Скопје не функционира и е во ќорсокак.

„Да бев јас диригент, тој оркестар ќе свиреше перфектно, но за жал, имате политички елити кои се нефункционални. Политичките партии треба да седнат и да најдат решение за проблемите во интерес на граѓаните, а тоа е преку гласање на проектите кои ги саботираат“, кажа Арсовска.

Арсовска на функција дојде со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...