ИНФО

Детскиот фолклорен фестивал „Св. Троица“ по деветти пат во Долно Лисиче и Аеродром

Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св. Троица“ и оваа година ќе се одржи во Долно Лисиче и во паркот „Јане Сандански“ во организација на КУД „Гоце Марковски“, а под покровителство на Општина Аеродром. Официјалното отворање ќе биде на 2 јуни (петок) во 20:00 часот на фестивалската бина во Долно Лисиче, а претходно учесниците ќе имаат дефиле по главната улица во ова населено место.

На 3 јуни (сабота) од 12:00 часот, предвиден е пладневен концерт во паркот „Јане Сандански“, каде што ќе настапат фолклорните групи од повеќе земји од регионов, што нуди можност за запознавање со различните култури, обичаи, игри и песни. Завршната концертна вечер ќе се одржи на 4 јуни (недела) во Долно Лисиче со почеток од 19:30 часот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...