МАГАЗИН

СЗО ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ ТУТУН: Ако се откажете од пушењето, очекуваниот животен век се зголемува за околу 10 години

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека очекуваниот животен век на оние кои престануваат да пушат во своите 30-ти се зголемува за околу десет години во споредба со оние кои продолжуваат да пушат, а циркулацијата се подобрува за период од две до 12 недели.

Од првиот ден на откажување од пушење, високиот пулс, крвниот притисок, нивото на јаглерод моноксид се враќаат во нормала и со текот на времето се зајакнува имунолошкиот систем. Во периодот од две до 12 недели по откажувањето од пушењето, се подобрува циркулацијата во телото и се зголемува капацитетот на белите дробови.

Пушењето претставува најголем поединечен фактор на ризик за здравјето и еден од најважните јавно-здравствени предизвици во светот во моментов. Според податоците на Светската здравствена организација, пушењето е поврзано со 7,2 милиони смртни случаи годишно во светот, што е повеќе од вкупниот број на смртни случаи од ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза.

По повод 31 мај, Светскиот ден без тутун, се наведува дека повеќе од 80 отсто од 1,3 милијарди корисници на тутунски производи во светот живеат во земји со низок и среден приход. Околу половина од оние кои користат тутунски производи умираат порано од очекуваното од болести поврзани со тутунот.

Од повеќе од осум милиони луѓе кои годишно умираат поради употреба на тутун, приближно 1,3 милиони се оние кои се изложени на чад од тутун иако не го користат.

Околу 700 милиони деца се погодени од чад од тутун. Секоја година, 65.000 деца умираат пред да наполнат пет години од инфекции на респираторниот тракт предизвикани од пасивна изложеност.

Тутунската индустрија се обидува да ја задржи зависноста од тутун нудејќи различни производи како што се електронски цигари, наргиле, овошни вкусови, топчиња од ментол, како и тутунски производи како што се цигари, луле и пури.  СЗО потенцира дека сите овие производи го загрозуваат здравјето.

Отпушоците кои и штетат на животната средина се најчестиот отпад во светот. Хемикалиите и отпадот од електронските цигари во догорчињата истекуваат во водата и почвата и ѝ штетат на животната средина.

Тутунската индустрија е виновна што годишно се сечат околу 600 милиони дрвја за производство на цигари.

Ослободувањето од оваа зависност обезбедува многу здравствени, социјални, економски и еколошки придобивки.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...