КУЛТУРА

Проекција на претставата „Донка – Писмо до Чехов“ во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија на 31 мај, во 19 часот, ќе се прикаже претставата „Донка – Писмо до Чехов“ на Даниеле Финци Паска и неговата трупа, а во рамки на проектот „Театар на платно“ на компанијата „АртАктУм“ која успеала да ги добие правата само еднаш да ја прикаже претставата на големото платно пред македонската публика.

Претставата е подготвена во 2010 година во Русија во копродукција со Чехов фестивалот по повод 150 годишниот јубилеј од раѓањето на големиот руски писател А. П. Чехов.

По претставата следува разговор со Ана Стојаноска – театролог, писателка, професорка на ФДУ и директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински“, Зоја Бузалковска – режисерка и професорка на ФДУ и со Небојша Вилиќ – историчар на уметноста и професор на ФДУ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Специјална проекција на „Молкот на разумот“ во МКЦ

На 12 декември (вторник) со почеток од 20 часот во киното „Фросина“...

КУЛТУРА

Парите од продажбата на „Цепај сине“ ќе се донираат за Детската клиника во Скопје

Авторот Зоран Спасов-Ѕоф и издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ги дадат сите...

КУЛТУРА

Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија

На 12 декември (вторник), со почеток во 20 часот, на малата сцена...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...