КУЛТУРА

Претставата „Приказна за Јосифа и нејзините Јосифи“ вечерва во Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда

Театарот „Чекори“ денес, 31.05.2023 во 20 часот на сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда ќе ја изведе претставата „Приказна за Јосифа и нејзините Јосифи“ од македонскиот автор Живко Павлов.

Режија: Маја Ѓурчевска. Улогите во претставата ги толкуваат Лела Савевска, Георгина Алексовска, Тамара Илиева, Нина Неделковска и Марија Младеновска.

Тон и светло мајстор, како и асистент на режија е Никола Димевски.
Суфлер: Богдан Баџуков

Делото спаѓа во жанрот фантазија, а влезниците по цена од 150 денари можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.

Со своето 49-годишно постоење, Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...