АКТУЕЛНО

Запалени три контејнери во Ѓорче

Во текот на изминатите два дена, непознати сторители опожариле три контејнери на главната улица во Ѓорче Петров.

Еден од контејнерите бил лоциран спроти Европската очна клиника, додека останатите два контејнера се опожарени во непосредна близина на Геријатриската болница.

„Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на микролокациите и поставија нови садови. Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје. Апелираме да престане уништувањето на садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа“, вели иректорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до Министерството за внатрешни работи и од претпријатието очекуваат да бидат преземени соодветни мерки за изнаоѓање и санкционирање на сторителите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...