Од утре започнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д, ќе биде од понеделник до сабота: 07:00 – 23:00 часот.
„Потенцираме дека корисниците на јавните паркиралишта треба да ги запазат промените, односно плаќањето за паркирање да се извршува во наведеното време, со цел да не дојде до непотребна санкција“, се наведува во соопштението.
Leave a comment