КУЛТУРА

Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ на Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ – збирка научно-фантастични раскази на Магдалена Стојмановиќ – Константинов.

Како што информира авторката, книгата е составена од девет раскази, осум од расказите се напишани од неа, а еден е генериран со помош на софтвер на вештачка интелигенција.

– Книгата претставува обид за спроведување на таканаречен турингов тест, при кој читателот ќе биде предизвикан да открие кој од расказите не е напишан од човек, туку од софтвер на вештачка интелигенција. Инаку расказите имаат иста структура, во сите раскази има ликови, директен дијалог, должината на расказите е слична, како и нивната композиција со што се отежнува можноста да се препознае разликата помеѓу човечко авторство и производ на ВИ, наведува Стојмановиќ – Константинов.

Вели дека идејата на книгата, која воедно може да се користи и како „алатка“ за тестирање на разликите во авторството на ВИ и човекот, е да се види дали воопшто има разлика во начинот на кој пишува човек и софтвер на ВИ

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Хеда Габлер“ во Драмскиот театар

„Хеда Габлер“ работена по текст на авторот Хенрик Ибзен е новата претстава...

КУЛТУРА

„Антолог“ го одбележува јубилејот со врвна литературна понуда на Саемот на книги под слоганот „25 години Антолог е класика“

Книжевниот центар „Антолог“ со особена гордост го објавува своето учество на годинашниот...

КУЛТУРА

Велигденски концерт на „Танец“ во петок во НОБ

Во Националната опера и балет во петок, 19 април, ќе се одржи...