Подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ ќе добие затворен спортски објект. Затвореното спортско игралиште, ќе се протега на 380 квадратни метри.
Со овој проект ќе им овозможи на учениците и на младите од населба Пинтија, подобри услови и повеќе можности за различни спортски активности и игри. Средствата за започнување со изградбата на објектот, се обезбедени од буџетот на Општина Кисела Вода, преку Развојна Програма – НАА-основно образование, за период 2023-2024 година.
Изградбата на овој спортски објект ќе овозможи ослободување на простор во училиштето кој по преадаптивните зафати ќе биде искористен за нови училници, со што ќе се зголеми целокупниот капацитет на ова подрачно училиште.
Во моментов настава следат 250 ученици, а училиштето работи во две смени со вкупно 12 паралелки.
Leave a comment