ИНФО

ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ: Марш по повод Светскиот ден на мултипла скелроза

По повод Светскиот ден на мултипла скелроза – 30 мај, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза и нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија.

Како што информираат од сојузот, настанот ќе започне пред Порта Македонија во 11 часот и ќе продолжи со марш по десната коловозна лента на улицата „11 Октомври“ во правец на Собранието до Домот „Даре Џамбаз“, а на него ќе се приклучат и лицата со параплегија и дистрофија.

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, исто така, во хотел Панорамика со почеток од 11 часот ќе одржи конференција на која обраќање ќе имаат претседателката на Националното здружение за МС Ана Карајанова Димитрушева, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓорѓиевска, министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес бесплатно паркирање на паркинзите на ПОЦ и на зонските на ЈП „Градски паркинг“

Паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д, со кои стопанисува ЈП...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер,...

ИНФО

По 55 години, реконструирана улица „20” во Припор

– Пуштена е во употреба новата реконструирана улица „20” во населбата Припор....

ИНФО

Оваа недела искачување на Крстовар на Водно и работилница за млади

Младинската секција на планинарскиот клуб „Убава“ заедно со Младинска комисија при Федерацијата...