АКТУЕЛНО

По 420 денари месечно им требаат на средношколките за менструални производи

На средношколките месечно им требаат 420 денари за менструални производи.. Ова го покажува извештајот од „Трошковната анализа на цената на менструални производи за потребата на средношколките на територија на град Скопје“, направен од иницијативата „Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување, спроведувана од Балканска водна мрежа во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија.

За таа цел направена е трошковна анализа за потребата од бесплатна поделба на менструални производи за средношколките од Скопје. Анкетирани се 328 средношколки од пет средни училишта.

„Оваа сума претставува значителен дел од месечните расходи и може да се смета за финансиско бреме, особено за семејства со повеќе жени во репродуктивен период, како и со семејства со ниски приходи. Град Скопје за потребите на сите средношколки треба да издвојува 1.091.808 евра годишно, односно за менструални производи за 13.314 ученички тоа се 5.591.880 денари или 90.984 евра месечно“, вело Александра Радевска проектен координатор.

Градоначалничката Данела Арсовска при доаѓањето на функцијата во 2021 година вети дека средношколките ќе добијат бесплатни менструални производи, но и ова ветување, како низа други не го исполни. Од Балканска водна мрежа пред неколку дена спроведоа и герила акција пред Град Скопје, за да ја потсетат Арсовска на ветувањето кое не го исполни.

Влошките за повеќекратна употреба во истражувањето се идентификувани како најсоодветна опција со намалени трошоци во долгорочен поглед. Проценката е дека користењето на влошките за повеќекратна употреба би ги намалило месечните трошоци за менструални производи за повеќе од 94 % во споредба со употребата на стандардни производи.
Вложувањето во повеќекратно употребливи менструални производи, како што е менструалната чашка се покажа како една од најефективните начини за намалување на трошоците на долг рок. Според анализата, употребата на менструалната чашка може да го намали месечниот трошок за менструални производи за 93% и да се допринесе за значителна заштита на животната средина преку намалување на отпадот од еднократни производи.

Од Балканската водна мрежа за да се надмине овој проблем препорачуваат :

-Град Скопје и релевантните институции да разгледаат и прифатат мерки за обезбедување на бесплатни или субвенционирани менструални производи за жените и девојките со ниски приходи.
-Образовните институции треба да обезбедат образование и свесност за менструалното здравје и алтернативните опции за менструални производи, со фокус на младите девојки.
-Инвестирање во истражување и развој на економски прифатливи и еколошки одржливи алтернативни производи за менструација треба да биде поддржано и стимулирано.
-Невладините организации и заедницата треба да продолжат со подигање на свесноста и за менструалната правда, со фокус на социјално-економски ранливи групи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...