МОЕ ЗДРАВЈЕ

ЗАМОР,НЕМАЊЕ ЕНЕРГИЈА,ДЕПРЕСИЈА: Кои се знаците дека имате недостаток од витаминот Б12

На луѓето им требаат 50 микрограми витамин Б12 дневно, а оние кои имаат недостаток на оваа хранлива материја може да искусат одредени тешкотии, според британскиот биолог Џастин Батлер.

„Екстремниот замор, недостатокот на енергија, мускулна слабост, пецкање, депресија и когнитивни проблеми, како што се слаба меморија, разбирање и расудување, може да бидат признак за недостаток на витамин Б12“, вели д-р Батлер.

Таа наведува дека витаминот Б12 го произведуваат бактериите коишто се наоѓаат во почвата, па најлесен начин да се добие е преку неизмиени плодови, што за повеќето луѓе денес не е опција. Затоа, сега најчесто се добива од збогатена храна или додатоци во исхраната.

„Може да се добие со внесување екстракт од квасец и снегулки, млеко од растително потекло, вегански јогурти и десерти збогатени со витамин Б12… Тој витамин му помага на телото да одржува здрави нервни клетки и помага во создавањето на ДНК. Исто така, витаминот Б12 тесно е поврзана со фолната киселина, ги ствара црвените крвни зрнца, му помага на железото подобро да работи во телото и произведува соединение вклучено во имунолошката функција и расположението“, појаснува д-р Батлер.

Меѓу последиците од долгорочно ниско ниво на витамин Б12, се покачени нивоа на аминокиселината хомоцистеин во крвта. Тоа пак е поврзано со срцевите заболувања. Советот на стручкот за крај гласи – при загриженост за нивото витамин Б12 и сомнеж за недостаток, контактирајте со вашиот лекар за консултација.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Напивки благотворни против анемија

Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

СЗО: Прекумерната употреба на антибиотици ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Жените кои спијат под седум часа на ден се поизложени на опасност од дијабетес 2

Жените кои спијат помалку од седум часа на ден се поизложени на...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Здравата исхрана и физичката активност важни при заштита од бубрежни заболувања

Хроничното бубрежно заболување (ХББ) зафаќа осум до 16 проценти од светската популација....