Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски денес со гипс на ногата се присуствуваше на седницата на Советот. Трајановски има скршен прст на десната нога, повреден на баскет.
Ова е втора недела како Трајановски е во гипс, оти тој и минатата недела на матурската парада на Плоштадот Македонија се појави со повредена нога.
Трајановски кој е член на Гром стана заменик-градоначлник лани во септември откако Данела Арсовска се скара со Алијанса за Албанците и тогашната заменик-градоначалничка Бујаре Абази си даде оставка.
Заменик градоначалникот минатиот месец стапна на лудиот камен и се ожени.
Leave a comment