АКТУЕЛНО

ГЕРАСИМОВКИ: Изградбата на градинката Пролет е во завршна фаза

Изградбата на новата градинка во Општина Центар „Пролет“ е во заврна фаза рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во вчерашното гостување на емисијата Во живо на МРТВ. Тој рече дека станува збор за модерна градинка каква што му доликува на Центар.

„Градежните зафати за изградба на градинката „Пролет“ влегува во завршна фаза. Таа ќе се простира на површина од околу 3.276 метри квадратни, на две нивоа со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални. Градинката „Пролет“ ќе биде инклузивна градинка со лифт и надворешно игралиште за деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар и сопствена кујна со трпезарија“, посочи Герасимовски.

Општина Центар напомена Герасимовски во МРТВ со оваа градинка ќе ги задоволи потребите за згрижување на децата од населбите Пролет и Крњево кои сега се запишани во градинките во околните населби.

Герасимовски во гостувањето зборуваше и за другите инвестиции во предучилишните установи како поставувањето на термичката изолација на фасада и реконструираната кровна површина во градинката „13 Ноември“ објект Јасмин и подготвителните работи за реконструкција на фасадата на градинката Корчагин.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...