ИНФО

Во знак на благодарност, Ѓорче додели премија од 400,000 денари на ЖРК Ѓорче Петров

ЖРК Ѓорче Петров по втор пат е освојувач на сениорската женска ракометна лига и со тоа ја одбрани минатогодишната титула првак на Македонија. Ѓорче Петров и во минатото бележел ракометни успеси, а овие девојки тоа го потврдуваат. Општината во знак на благодарност и стимулација за во иднина, доделува 400.000 денари на ‘ЖРК Ѓорче Петров’.

ФК Македонија Ѓорче Петров втора година по ред освојувач на Купот на Република Македонија, со што покажува дека клубот сериозно работи и вложува во младинските категории, но и во првиот состав кој оваа година на пенали во финалето на Купот на Македонија ја совлада екипата на Струга Трим Лум.

„Новитет во општината е јавниот повик за спортските клубови и поединци кој веќе е изработен и во најскоро време ќе биде објавен на веб страната на општината, каде што ќе можат да аплицираат сите спортски колективи, но и спортисти поединци, кои што имаат потреба од финансиски средства со цел постигнување високи спортски резултати. Правилникот ќе има точно утврдени норми и успеси кои што ќе треба да бидат исполнети, за да може да се доделат финансиски средства за клубот или поединецот којшто ќе аплицира на овој повик. Општина Ѓорче Петров интензивно работи на издигнување и развој на спортот во општината, како и на стимулација на младите генерации да спортуваат и да прераснат во врвни спортисти. Токму поради тоа, огромна чест и задоволство ни е да соопштиме дека ФК Вардар и ФК Волково бесплатно ќе го користат фудбалскиот терен во Волково, додека пак младите категории на ФК Македонија Ѓорче Петров и ФК Њу Старс бесплатно ќе го користат фудбалскиот терен “Mлади лавови” во централното подрачје на општината“, посочи градоначалникот Александар Стојкоски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...