Од 1 до 13 јуни ќе се одржи единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје. Годинава ќе се одржи на три локации и тоа во Музеј на современа уметност, МКЦ и КСП Центар-Јадро.
Фестивалот се отвора на 1 јуни во 20:30 часот во МСУ, со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“ (Remembering Futures) на познатиот полски интердисциплинарен уметник Карол Раѓишевски. Раѓишевски е познат по неговата уметничка практика која вклучува уникатни алатки при уредување на материјалите, комбинирањето на факти со фантазија, компонирањето на документи од парчиња сеќавање и прикажувањето на неочекувани алтернативни траги на сеќавањата. На изложбата ќе бидат претставени неговата мултидисциплинарната и архивска практика преку периодичниот фанзин „ДИК“ кој тој го издавал и уредувал и проектот КАИ што ја претставува параинституцијата Институтот за квир-архиви која ја основал, ќе биде прикажана монументалната серијата „Галерија на портрети“ (2020 – во тек), серијата „Сида“ (2012 – во тек) презентирана преку стратегија на спојување на архивски материјали со гестови на апропријација, изложени во форма на принтови, слики и тапети, клучното негово дело „Зумбул“ (2019-2020) и филмовите „Кишленд“ (Kiseiland, 2012) и „Мојот драг пријател од Советскиот Сојуз“ (Mon chéri Soviétique, 2021).
Веќе следниот ден, на 2 јуни во МСУ ќе се одржи најновиот перформанс „Осуденик“ (GONER) на едно од најатрактивните имиња во современата кореографска и танцова практика Малик Нашад Шарпе (UK) познат како Marikiscrycrycry. На 3 јуни во МКЦ на наше огромно задоволство кореографката и перформанс уметница со чилеанско и шведско потекло Ширли Харти Убила ќе го изведе делото „Абјектот на желбата“ (Abject of Desire), а на 4 јуни во МСУ познатата философка, теоретичарка и уметница Марина Гржиниќ (SL) ќе го одржи предавањето „ПАНКОТ и поранешната југословенска ЛГБТКИА+ заедница во Словенија и пошироко: Распетлувањето на сексот и политиката во расниот капитализам“.
Еден од најистакнатите млади уметници кај нас Јован Јосифовски на 8 јуни ќе има отворање на неговата самостојна изложба „Еластично насилство“ во КСП „Центар – Јадро“, додека на 9 јуни во МСУ фантастичното трио STEAM ROOM во состав на Александар Георгиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас ќе го изведат танцовиот и кореографски концепт за вечноста, нивниот последен дел од кореографската трилогија dragON – dragON forever. Фестивалот се затвора на 13 јуни во МКЦ со омилените Румена Бужаровска и Ана Василева од ПичПрич кои ќе ја модерираат Вечерта на раскажување на квир приказни – СРАМОТА!, по што ќе следува диџеј сет на Ивана Драгшиќ.
Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центар за поддршка,
Leave a comment