КУЛТУРА

Омаж за етнолозите Милош Константинов, Ангелина Крстева и Крсте Богоески

Во просториите на Институтот за етнологија и антропологија при Приридно-математичкиот факултет во Скопје во среда во 11 часот ќе се одржи омаж по повод годишнините од раѓањето или смртта на тројца етнолози. Ќе бидат одбележани 30 години од смртта на проф. Милош Константинов, 10 години од смртта на Ангелина Крстева и 80 години од раѓањето на проф. Крсте Богоески.

– Слично како и минатата година, кога омажот се однесуваше на петмина истакнати етнолози, одбележувањето ќе содржи студентско читање на извадоци од биографиите и проекција на видеа од животот и делата. Истовремено, на работилница во соработка со организацијата „Споделено знаење“ ќе бидат создадени или дополнети статии на Википедија на македонски јазик кои се однесуваат на нив. Институциите кои се генератор на знаењето, би требало да се грижат за афирмација и зачувување на постигнувањата на научните работници кои својот работен век го поминале во нив. Институционалната улога е неминовна во обезбедување конзистентност на колективната меморија, која за жал честопати е декларативна и полна празнини, кои се обидуваме да ги пополниме на ваков начин, како мозаик од ликовите и делата на заслужните колеги – велат од Институтот.

д-р Милош Константинов e етнолог, историчар, публицист и долгогодишен директор на градските архиви на Битола и на Скопје. Тој е доајен на етнолошката наука и еден од најавторитетните личности во оваа област во Македонија. Во 1980-тите бил назначен за редовен професор на обновената група по етнологија на Природно–математичкиот факултет во Скопје. Всушност, тој бил еден од главните иницијатори за повторно оживотворување на истата, по затворањето на Одделението за етнологија, основано 1946 на Филозофскиот факултет, кое по одлука на Министерството за образование на НР Македонија било затворено во 1953.

Ангелина Крстева е познат македонски етнолог и автор на голем број објавени монографии и статии посветени на македонската народна носија со посебни осврти на украсувањето, како што е везот во разни техники, вткаените орнаменти, накитот, начините на чешлање и многу други специфичности на македонската народна култура до првата третина на 20 век. Нејзино најзначајно дело е албумот „Македонски народни везови“ за кое ја добила наградата „13 ноември“ во 1976.

Д-р Крсте Богоески е еден најзабележителните истражувачи во полето на заштитата на културното наследство и музеологијата во Македонија. Од 1995 до неговото пензионирање, во 2009 година, бил професор на Природно – математичкиот факултет на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ во Скопје. Особено е значаен по тоа што по осамостојувањето на Македонија е идеен творец и прв претседател на Македонскиот национален комитет на ИКОМ во два мандати. По негово лично залагање во 2002 година е основан Македонскиот национален комитет на Синиот штит и е избран за прв претседател, функција што успешно ја вршел во три мандати (2002-2012 година).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на слики во акварел на Илина Поповска

Во среда на 29 мај во 19:30 во Лабораториум, ќе се одржи...

КУЛТУРА

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Кинотека ова година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ,...

КУЛТУРА

Изложбата „Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк“ во Чифте амам

Во Чифте амам во Старата скопска чаршија отворена е изложбата под наслов...

КУЛТУРА

Монументалниот документарен проект „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ во Кинотека на Македонија

Во четврток на 23 мај во 20:00 часот во Кинотека на Македонија,...