Полицијата во вчерашните контроли на скопските улици казни 139 возачи. За брзо возење се 36 казни, 22 санкциja за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за возач почетник, шест санкции за минување на црвено светло.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Leave a comment