МАГАЗИН

Песочнo земјиште во Дубаи продадено за 32 милиони евра

На островот Џумеира во Дубаи, парче песочна земја од 24.500 квадратни метри е продадено за скоро 32 милиони евра. Ова е една од 128 парцели што беа понудени како недвижен имот на овој вештачки остров.

Малото копно среде море има облик на морско коњче, а тука се наоѓа и луксузниот хотел на италијанскиот бренд „Булгари“. На островот има и пристаништа за јахтите на најбогатите. Досегашниот сопственик на продаденото земјиште е британски претприемач. Во 2022 година, неколку парцели беа продадени на луѓе кои сакаат да градат приватни вили на островот.

– Островот Џумеира стана локација број еден на пазарот на недвижности и е достапен само за најбогатите луѓе. На островот и неговите плажи, сопственикот може да го изгради својот дом од соништата, изјави агентот за недвижности, Андреј Кумингс.

Островот е популарна дестинација во овој дел од светот, каде што цените на недвижностите тројно се зголемија по вредност последниве неколку години.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски...

МАГАЗИН

Педијатрите откриваат која храна е забранета за нивните деца

Пред да се одлучат за деца, идните родители вообичаено замислуваат како да...

МАГАЗИН

Откриен целосен фосил на подводен диносаурус во Кина

Меѓународен тим научници открија целосен фосил на подводен рептил „Диноцефалосаурус ориенталис“ (Dinocephalosaurus...

МАГАЗИН

Намирници што треба да се избегнуваат во борбата со висок притисок

Во борбата со висок крвен притисок, т.е. хипертензија, еден од најважните чекори...