АКТУЕЛНО

Општина Аеродром се пофали дека конечно на крај на мај е искосена тревата

На крајот на мај во Општина Аеродром конечно е искосена тревата. Општината се пофали дека на 28 мај, за само еден ден искосиле над 20.000 метри квадратни зелени површини и со тоа нивната заложбата за почист Аеродром станува реалност.

„Активностите кои се преземаат ги даваат првичните резултати, што се забележува по косените тревници и подигнатото ниво на хигиена на јавните простори. Службите ангажирани од Општината и понатаму остануваат на терен, сè до целосно одговарање на потребите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните“, соопштија од Општина Аеродром.

Изминатиов месец речиси цела општина беше обрасната со трева. Искосен беше само главниот булевар Јане Сандански, а сè останато беше обраснато со трева до колена. Граѓани на социјалните мрежи секојдневно објавуваа фотографии од неискосени паркови и зелени површини.

Општина Аеродром месецов склучи договор за одржување на хигиената и зеленилото со приватна фирма во вредност од 335.772 евра. Договорот е за една година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...