АКТУЕЛНО

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД СО РЕАКЦИЈА: Градот сака да потроши 140 милиони денари за реконструкција на улицата Цветан Димов, без никој да го види проектот

Советниците во Град Скопје од Зелен хуман град реагираат на притисокот што се прави на седниците на Советот поврзан со реконструкција на улицата Цветан Димов во населба Чаир.
„Веќе втора седница по ред се бара од советниците да изгласаат фантастични 140 милиони денари за изградба на улицата Цветан Димов во Општина Чаир за која НЕМА јавно достапен проект, туку допрва треба да го прави (ревидира) Општина Чаир?! 140 милиони денари се 20% од буџетот на Град Скопје за улици и патишта за 2023 г.! Дополнително, ќе се трошат јавни пари за експропријација, а тоа во овој момент немаме информација колку ќе чини.
На лошата практика да се бара од советниците да гласаат за изградба и реконструкција на улици во Скопје за кои никој не го видел проектот по кој ќе се работи мора да ѝ дојде крај!“, се вели во Фејсбук објавата на Зелен хуман град.
Тие велат дека ќе го поддржат спроведувањето на овој предлог само ако прво јавно се објави проектот по кој ќе се работи за да се осигурааат и тие и целата јавност дека повеќедеценискиот дрворед на таа улица ќе остане нечепнат, дека коловозните ленти ќе бидат со максимална ширина од 3 м, како и дека ќе има соодветна и функционална пешачка и велоинфраструктура, инклузивно испланирана да ги задоволи потребите на лицата со попреченост и на сите ранливи категории на граѓани.
„Доста ни е од Карангелески сценарија во овој град и смртоносни автоцентрични пустини! Зеленилото во Скопје го губиме со брзина на светлината и покрај тоа што секоја година прерано умираат над 4.000 наши сограѓани како последица од загаден воздух, а не постои статистика колку од нас прерано умираат од топлотните бранови за кои народните избраници сами ги создаваат предусловите“, реагираат градските советници.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...