ИНФО

Доделени годишните награди за наставниците и учениците во Центар

Општина Центар како и секоја измината година и оваа ги додели годишните награди за наставниот и стручниот кадар од училиштата. Награди добија и најдобрите ученици-полуматуранти кои во изминате години успешно ја преставувале општината на државни и на меѓународни натпревари.

„Годишните награди се дополнителен мотив за посветена и успешна работа во воспитно-образовниот процес и стимулирање на ученичкиот потенцијал во натамошното образование за постигнување нови успеси и признанија“, се вели во соопштението.

Наградите се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми за вреднување на работата на вработените во детските градинки и во основните училишта во Општина Центар, а првенците на генерација ги избира самото општинско училиште. Најдобрите ученици се наградуваат со паричен износ од 15.000 денари, наградите за најдобрите одделенски и предметни наставници и стручни соработници се во висина од 20.000 денари, додека вработените во детските градинки се наградуваат со 30.000 денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...

ИНФО

Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд...

ИНФО

Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје денес нема да го наплаќа кафето, односно сите пари...