КУЛТУРА

Во МСУ: Свечено врачување на наградата „Роман на годината“

Свеченото врачување на наградата „Роман на годината” за 2022 година ќе се одржи утре, вторник (30 мај) во Музејот на современата уметност во Скопје, со почеток во 20 чаот.

Лауреат на наградата е романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени” од Влада Урошевиќ, а во издание на „Арс Ламина”.

Наградата „Роман на годината”, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”, годинава ќе биде врачена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка (авторство на скулпторот Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари.

На Свеченото врачување ќе настапи и џез бендот на Гоце Стефковски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...