АКТУЕЛНО

Анкета за наградување на ‘Највело општина во Скопскиот плански регион’

На Точак ги повикува сите граѓаните кои користат велосипед како превозно средство или пак рекреативно во Скопје и околината да се вклучат во изборот за „Највело општина“ во Скопје и околината за 2023 година.

Преку онлајн анкетата, граѓаните може да ги споделат своите искуства и ставови за тоа колку се (не)задоволни од велосипедската инфраструктура и бенефициите за велосипедистите кои се нудат и со тоа да дадат поверодостојна, релевантна и сеопфатна слика за состојбата на терен.

Покрај онлајн анкетата, во предвид ќе се земат и одговорите на самите општини од Скопскиот плански регион за инвестициите и активностите што ги презеле на ова поле, како и барања за информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи поврзани со безбедноста во општините.

„Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 ќе биде општината која ќе докаже дека најмногу се грижи за развојот на урбаниот велосипедизам во своите рамки преку четири категории – инфраструктура, политики, буџет и јавна свест.

„Преку наградата за ‘Највело општина во Скопски плански регион’ сакаме да бидеме поттик на локалните власти да се стремат кон создавање подобри услови за граѓаните на велосипед. Нешто кое се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција“, се вели во соопшението.

До анкетата можете да пристапите преку овој линк: https://shorturl.at/insH2

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...