КУЛТУРА

Ќе се прават платенки и невестински фризури на перформансот „Коса“

Во Музеј на Македонија во вторник (30 мај) во 12 часот ќе се одржи перформанс „Коса“ во живо со времетраење од половина час.

Овој перформанс се организира во соработка со Ансамбл Македонија и како што најавуваат од Музејот ќе биде многу интересен настан за да се проследи бидејќи досега немало ништо слично организирано кај нас.

„Перформансот ќе опфати трансформација на невестинската фризура,значи од плетенка до денешната фризура, ќе бидат опфатени неколку периоди со различни носии, фустани, градски фустани и музика соодветна на периодот“,изјавија од Музеј на Македонија.

На лице место ќе се плетат плетенките и ќе се прават невестинските фризури. За плетенките ќе биде задолжена Наде Костадинова Спасеновска, кустос во Музејот на Македонија.

„Прво се плете во носијата, тука ќе биде презентиран цел обичај за кој ќе бидат задолжени ансамблот Македонија,  потоа доаѓа градската носија и уште 4 фризури во фустани од поновите периоди“, изјави Спасеновска.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...