МАГАЗИН

Њујорк со закон забранува дискриминација по основ на тежина и висина

Луѓето кои се дебели, високи или ниски, во американскиот град Њујорк ќе бидат заштитени од дискриминација врз основа на тие карактеристики според законот кој синоќа го потпиша градоначалникот Ерик Адамс. Оваа мерка поддржувачи на Адамс се надеваат дека ќе биде спроведена и во други градови.

Законот, презентиран од градскиот советник Шон Абреу, забранува дискриминација врз основа на висина и тежина на работното место и во пристапот до јавното и приватното сместување.

„Не треба да е важно колку сте високи или тешки. Кога барате работа или сте надвор во градот или се обидувате да добиете некој вид сместување или стан за изнајмување, не треба да постои поинаков третман“ реч,е Адамс.

Законот стапува во сила за шест месеци и ги надополнува веќе постоечките мерки за заштита од дискриминација врз основа на раса, религија, боја на кожа, национално потекло и пол.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...