МАГАЗИН

НАЈЕВТИНИ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ ЗА ОВА ЛЕТО: Во Лисабон ќе потрошите најмалку, а ќе сте најсреќни

Шеснаесет години по ред британскиот The Post Office прави листа на европски градови во кои ќе добиете најмногу за потрошените пари. Деновиве излезе новата листа за 2023 година во која се направени споредби на 35 европски градови. Резултатите покажуваат дека португалскиот град Лисабон е најисплатлива дестинација за патување и право место за летен одмор годинава.

При оценувањето се пресметувала просечната цена за еден викенд поминат во градот во хотел со три ѕвезди. Исто така се земаат и трошоците за посета на главните туристички атракции, панорамско разгледување на градот со автобус, цената на јавниот превоз, како и на храната и пијалоците.

Цените во Лисабон не се под влијание на инфлацијата и во споредба со лани се зголемени само за 2 отсто. Две ноќи во хотел со три ѕвезди чини 140 евра.

Најскап европски град за ова лето е Амстердам, каде за викенд треба да издвоите 835 евра, а тука се и Париз, Венеција, Женева, Белфаст и Лондон. Дубровик пак е град со најскапи влезници за културните и историските знаменитости.

На листа на најисплатливи европски градови за патување ова лето се : Лисабон, Вилнус, Краков, Атина, Рига, Порто, Загреб, Будимпешта, Варшава и Лил.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...