МАГАЗИН

ЛЕТЕН ТРЕНД: Сите ќе носат еспадрили ова лето

Топлото време ја отвори вратата за сезоната на омилените летни обувки, еспадрили. И оваа година се носат широк спектар на еспадрили – рамни и со полна потпетица, класични и модерни, оние со неочекувани детали или сосема едноставни.

Какви и да одберете, нема да погрешите. Еспадрилите се удобни и практични летни обувки, но и привлечни.

Оваа пролет и лето дизајнерите особено се посветија на еспадрилите. Многу брендови изненадија со модели кои комбинираат класична еспадрила со авангардни детали како високи платформи и нови материјали.

Ова лето еспадрилите ќе бидат достапни во различни бои и дезени – од цветни принтови до впечатливи геометриски дезени. Новитетите се тантела, везови и апликации кои додаваат романтичен и женствен шмек. Се појавија и еспадрили со светки и мониста.

 

Еспадрилите може да се комбинираат со лелеави панталони, долги здолништа или фустани. И тие можат да се носат во секоја пригода – преку ден или навечер.

Исто така, на омилениот пролетен настан во Велика Британија, принцезата од Велс Кејт Мидлтон ги донесе своите омилени еспадрили кои ги носи од 2019 година.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Со над 15.000 монети маж на Кипар отишол да плати судска казна од 500 евра

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и...

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...