Повеќедецениско, здраво дрво деновиве е уништено во општина Аеродром заради ископ за поставување телекомуникациски приклучоци. При копањето на дупката за поставување на каблите униптени се корените на дрвото.
„До кога ќе се уништуваат здрави дрвја во Скопје? Во близина на улицата Васко Карангелески во Аеродром еден од мобилените оператори копаат за да постават кабли и ги уништиле корењата на ова повеќедецениско дрво“, реагираа од „Зелен хуман град’ на нивниот Фејсбук профил.
„Зелен хуман град“ има два советниците во Советот на Град Скопје.
Leave a comment