АКТУЕЛНО

Ботаничка градина со над 4.000 садници ќе се прави во Зоолошка

Во рамките на Зоолошката градина ќе се отвори ботаничка градина со површина од 12.600 квадратни метри. Во неа ќе бидат засадени над 4.600 уникатни дрвја и садници, ќе се постават видиковци, нова урбана опрема и бројни други содржини за посетителите.

Предвидено е во градината да има автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, како и алохтони видови, односно растенија внесени однадвор. Исто така, ќе има и ендемични растенија специфични само за нашето поднебје.

„Подигнувањето на ботаничката градина ќе биде од исклучително значење за граѓаните, љубители на природата и на природните науки, бидејќи на едно место посетителите ќе може да ги видат содржините на Природно-научниот музеј, Зоолошката и на новата ботаничка градина“, велат од Зоолошката градина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

„Анима мунди“ бара да почне процес на затворање на зоолошките градини

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара да се започне процес...

АКТУЕЛНО

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар денес во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање...

АКТУЕЛНО

Четирите дами на „Destiny Quartet“ ги наполнија со љубов срцата на публиката во Филхармонија со „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“

Четирите дами Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина Александрина Митева на...

АКТУЕЛНО

Јуниорите на Работнички ќе тренираат бесплатно во салата на „Коле Неделковски“

Советот на Општина Центар го усвои предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за...