КУЛТУРА

40-годишниот ретроспективен опус на Владимир Темков во Чифте амам

Пред  почетокот на летниот период се отвора изложбата 40-годишниот ретроспективен опус на Владимир Темков во Чифте амам. Отворањето на изложбата е закажано за 31 мај 2023 (среда), во 20 часот. Владимир Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година, и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми… Со текот на годините тој ги фиксира своите визуелни потраги. Создава сопствена тематска матрица со заеднички обележја и компонирање на елементите во линеарни и хроматски решенија, со кои достигнува занимливо рамниште на експресивност. Иако работи на повеќе тематски и концепциски циклуси, евидентно е проткајувањето на веќе утврден ликовен модус во сите циклуси и негово постојано испреплетување. Со идејата дека бојата ја претставува апотеозата на светлината, нашиот сликар ја гради од слика во слика, од циклус во циклус, својата сликарска поетика, во која примарна материја е бојата, како и енергијата што таа ја пренесува. Идејата што е стандардизирана содржи елементи на лирска оформеност, како и тактилност во постапката. Определеноста на Владимир Темков не произлегува од ликовно-стилски трендовски причини туку, пред сѐ, од нужноста на професионален однос кон работата, со креативни барања што му овозможиле да го заокружи сликарскиот циклус на просторни метафори како своевидни варијации на една тема.

Основното тежнеење на Темков е да создава како што чекори, да слика како што дише. Идеал му е природната едноставност, па тој слика во динамичен дух, со слободни и моќни потези, а во исто време кротко и контемплативно, пренесувајќи повеќезначни мисловни пораки. Тоа, пак, води кон една динамична композиција на бојата во допир со природата, каде што сѐ е во движење и менување. Инспирацијата ја црпи од природата и природните богатства, како и од духовните извори на човековото општество, од различни области како што се литературата, историјата, традицијата, музиката, драмата, науката, односно од самиот живот. Неговите дела прикажуваат низа феномени од природата, но го покажуваат и неговиот широк културен хоризонт, каде на лирично-експресивен начин се претставени видливите, но и духовните предели од родната Тиквешија.
This image has an empty alt attribute; its file name is Дрво-на-птиците-2022-масло-на-платно-110х80-cm.jpg

Дрво на птиците, 2022, масло на платно

Во неговите дела доминира чувството на слобода – слобода на боите и формите, испреплетување на земјата и небото, материјата и духот, облиците на реалноста, но и на сонот, при што уметникот проникнува во повеќеслојноста на видливото.

Роден е во Кавадарци во 1959 год потекнува од работничко семејство. Основно образование завршува во ОУ ,,Страшо Пинџур” во Кавадарци. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а факултет за ликовни уметности отсек графика дипломира во класата на проф. д-р. Трајче Блажевски. Магистерски студии, отсек сликарство завршува на Факултет за ликовни уметности, Скопје во класата на проф. Благоја Маневски. Живее и работи во Кавадарци на ул.Блажо Алексов бр.13.Оснивач и организатор е на Меѓународната Ликовна колонија, „Кавадарци-Михајлово” од 1996 година .Организатор е на првата Ликовна колонија 1982 година во рудник Ржаново, с. Мрежичко, Кавадарци.Претседател на Друштво на Ликовни уметници на Кавадарци, како и подпретседател на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари и др.

This image has an empty alt attribute; its file name is Тунел-2010-масло-на-платно-63х85-cm.jpg
Камења што се тркалаат, 1983

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

На сцената на НОБ ќе се изведе современиот балет „Сага“

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток...

КУЛТУРА

Алиса Фини доаѓа на Саемот на книга во Скопје како гостинка на македонскиот издавач „Сакам книги“

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните...

КУЛТУРА

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон...

КУЛТУРА

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ денеска и утре ќе се...